Ковид-биланс: Од 1.167 тестирања има 86 новозаразени за 24 часа

Во изминатите 24 часа направени се 1.167 тестови, а регистрирани се 86 нови случаи на ковид-19 од кои 18 се реинфекции. Оздравени се 87 пациенти, а нема пријавено починати лица. Бројот на активни случаи денеска е 541.

Новите случаи на ковид-19 се во Скопје – 65, Битола – 4, Прилеп – 3, Гостивар, Штип, Ресен и Берово по 2 и во Кавадарци, Велес, Охрид, Струмица, Кочани и Крива Паланка по 1.

Регистрирани се 87 оздравени пациенти од кои од Скопје – 58, Битола – 8, Кавадарци – 6, Охрид – 4, Гостивар, Кочани, Струга и Гевгелија по 2, а од Ресен, Радовиш и Демир Хисар по 1.

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин дополнително е регистрирано едно починато лице од Демир Капија (74г),починато во болнички услови. Лицето е починато на 29.04.2022 година.

Направените 1.167 тестови се преку: ИЈЗ-77, ЦЈЗ Скопје-108, ЦЈЗ Битола-36, ЦЈЗ Прилеп-6, ЦЈЗ Тетово-7, ЦЈЗ Куманово-22, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-13, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–50, Жан Митрев (Филип Втори)-41, Авицена-33, Биотек-48, Систина-49, лабораторија Лаор-21, Синлаб-5, Ремедика-5, Плодност-14, Генеа-13, Никоб Лаб-71, ВФВ Медикал-6, Ели Медика Плус-3, Ројал Медика–3, Спектра-ММ-3, Рапид Лаб–2, Жан Митрев Струмица–6, Нова Лаб Дијагностика–4, Рамус-9, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 512.

Досега во земјата се направени вкупно 2.043.694 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 311.199, бројот на оздравени пациенти е 301.361, на починати е 9.297, а бројот на активни случаи изнесува 541.

Дистрибуција по градови: Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 146.406, Активни 335

Куманово 16.665, Активни 13

Битола 15.591, Активни 71

Прилеп 14.197, Активни 17

Тетово 13.470, Активни 5

Кавадарци 10.676, Активни 10

Велес 9.784, Активни 3

Гостивар 9.605, Активни 7

Охрид 8.891, Активни 13

Струмица 8.072, Активни 2

Штип 8.046, Активни 10

Кичево 5.643, Активни 9

Кочани 5.088, Активни 5

Струга 4.724, Активни 2

Гевгелија 4.418, Активни 3

Неготино 3.687, Активни 2

Ресен 2.746, Активни 11

Свети Николе 2.628, Активни 3

Радовиш 2.530, Активни 0

Крива Паланка 2.415, Активни 1

Делчево 1.983, Активни 1

Дебар 1.675, Активни 1

Берово 1.676, Активни 13

Валандово 1.488, Активни 0

Виница 1.393, Активни 0

Пробиштип 1.267, Активни 0

Богданци 1.021, Активни 0

Кратово 965, Активни 0

Крушево 927, Активни 1

Демир Хисар 835, Активни 1

Македонски Брод 736, Активни 0

Демир Капија 593, Активни 0

Македонска Каменица 525, Активни 2

Пехчево 486, Активни 0

Дојран 347, Активни 0

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе