Коронавирусот урива рекорди

Ковид-биланс: Активни над 9.000 случаи во земјава, а над 8.000 починати

Бројот на активни случаи на ковид-19 во земјава ја надмина бројката од 9 илјади и до вчера достигна 9.539, вклучувајќи ги вчерашните 632 новозаболени. Над половина од активните случаи, односно 5.558 се во Скопје.

Троцифрени бројки на заразени во моментов има уште во12 града, најмногу се во Битола – 755 и Прилеп – 546, а над 300 активни имаат Охрид – 396 и Кавадарци – 301.

Од новите 632 случаја, потврдени од направени 6.531 тест,  470 се во Скопје. Од последици од ковид-19 во последното деноноќие починале седум лица и со нив вкупниот број луѓе кои ја загубија битката со коронавирусот е 8.023.  Од почетокот на епидемијата бројот на ковид-дијагностицирани во нашата земја достигна 232.068, а оздравени се  214.506 пациенти.

Во светот, пак, вкупниот број на регистрирани случаи на ковид-19 надмина 300 милиони што се должи на новите рекорди на инфицирани во десетици земји во текот на минатата недела поради брзото ширење на сојот омикрон. Во изминатите седум дена, 34 земји го регистрирале својот најголем број неделни случаи од почетокот на пандемијата, вклучувајќи 18 држави во Европа и седум во Африка.

И во регионот се преземаат нови мерки за справување со ковид-кризата поради брзото ширење на позаразниот сој на коронавирусот.

Од три региони во северниот дел на Грција в среда ќе почне мобилизација на приватни лекари, кои еден месец ќе помагаат во државните болници во борбата со пандемијата. Грчките болници се соочуваат со сериозни проблеми и недостиг на персонал со оглед на тоа што околу 2.500 здравствени работници се во карантин поради зараза со ковид-19, а во карантин во Грција се и околу 2.000 полицајци.

Средношколците во Војводина, пак, од утре, кога треба да го почнат второто полугодие, ќе ја следат наставата на далечина поради зголемениот број новозаразени со омикрон.

Во Италија вчера стапи во сила задолжителна вакцинација против коронавирус за Италијанците над 50-годишна возраст. Оние кои до крајот на месецов не се вакцинирале, примиле втора доза или „бустер“ доза, од 1 февруари ќе бидат казнети со 100 евра. Мерката ќе биде во сила до 15 јуни и ќе важи за сите жители на возраст над 50 години, вклучително и за странски државјани.

Инаку, највисока стапка на смртност од коронавирус во светот има Перу и е на врвот по вкупни смртни случаи од ковид-19 по глава на жител. Земјата со 33 милиони жители има повеќе од 6.000 на милион починати од болеста. Од почетокот на пандемијата таму починале повеќе од 202.900 луѓе, а Владата на Перу соопшти дека ковид-19 убил најмалку еден родител или примарен старател на речиси 98.000 деца во земјата.

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе