Ќе се тестираат вкупно 8.000 ученици

Ковид-19: Скринингот во училиштата досега не откри ниту еден позитивен случај кај учениците

Во основните и средните училишта низ државата во тек е скринингот за ковид-19, а досега не е откриен ниту еден позитивен случај.  До крајот на неделата треба да бидат тестирани 500 ученици.

„Скринингот за ковид-19 кој се спроведува во основните и средните училишта не откри ниту едно дете позитивно на коронавирусот. До крајот на неделата ќе бидат тестирани околу 500 ученици”, кажа вчера министерот за здравство Венко Филипче. 

Скринингот на ковид-19 се спроведува со цел да се откријат асимптоматските носители на вирусот меѓу учениците и да се добие целосна слика на неговата трансмисија во училиштата и треба да опфати вкупно околу 8.000 ученици.

Според податоците од Министерството за здравство, од почетокот на пандемијата досега во државата од ковид-19 починале над 7.000 граѓани, ревакцинирани се 46 отсто од полнолетната популација, а во битката против ковид-19, Министерството за здравство најави дека ќе го набави и лекот „Молнупиравир”.

Вчера беше забележан пораст на нови случаи на позитивни на коронавирусот. Од 3.073 тестирања беа регистрирани 490 случаи или околу 16 проценти. Претходно тој процент во работните денови се движеше од 10 до 15, а викендите под 10 отсто. Во претходното деноноќие беа пријавени и 11 смртни случаи и 201 оздравен пациент.

Досега се направени вкупно 1.354.533 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 198.646, бројката на оздравени е 185.660, а на починати е 7.012. Бројот на активни случаи е 5.974.

Според епидемиолошки анализи во моментов, најмногу активни случаи има во Скопје – 3.008, Куманово – 481, Велес – 294, Прилеп – 236, Охрид – 203, Штип – 202. Во другите градови има под 200 активни, а во Демир Капија само еден случај на коронавирусот.

Заклучно со 20 октомври вкупно се вакцинирани 800.357 граѓани, ревакцинирани се 766.521 а трета доза примиле 2.365 граѓани, соопшти вчера Министерството за здравство.

Педесет и четири отсто од граѓаните над 40 години се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57 отсто, а со две дози опфатени се 46 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина, информираат од Министерството за здравство.

Министерот за здравство вчера рече дека е огромен процентот на заболени кои се невакцинирани и сега вирусот се шири значајно меѓу невакцинираните граѓани.

„За жал се намали значајно интересот за вакцинација. Стигнавме до некаде 800 илјади граѓани кои се вакцинирани со најмалку една доза, од нив 760 ревакцинирани, меѓутоа високиот процент докажува дека болниците ги полнат само невакцинирани граѓани”, рече Филипче.

 

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе