Министерство за здравство

Ковид-19 најризичен за постарите лица, почитувањето на мерките е клучно

Ковид-19 предизвикува поголема смртност кај лица на возраст над 60 години и кај лица со основни медицински состојби, како што се кардиоваскуларни заболувања, хронична респираторна болест, дијабетес и карцином. И постарите лица кои вообичаено имаат и други коморбидитетит, како и помладите треба целосно да ги почитуваат мерките за заштита – носење маска, одржување дистанца и зачестена хигиена на рацете, апелираат од Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември" – Скопје.

Објектите за долготрајна нега, како што се геријатриските болници, хосписите за палијативна нега, домови за стари лица и рехабилитациски центри, се објекти што се грижат за луѓето кои страдаат од понапредната возраст со бројни коморбидитети и затоа заштитата од ширење и пренесување на Ковид-19 е исклучително важна, соопшти Министерството за здравство.

Лицата кои се лекуваат и престојуваат во установи за долготрајна нега се ранливи популации кои се изложени на поголем ризик за неповолен исход и за инфекција поради престој во близина на други лица. Затоа овие установи мора да преземат посебни мерки на претпазливост за да ги заштитат своите корисници на услуги и вработените. Особено е важно спречување на инфекција и контролните активности може да влијаат на менталното здравје и благосостојба на корисниците на услуги и вработените, особено употребата на лична заштитна опрема и ограничувањето, односно забраната на посетителите и групните активности, посочуваат од болницата „13 Ноември".

Во моментот, како што се нагласува, во установата има полн болнички стационар од вкупно 300 легла, а исполнети се вкупно 269 болнички кревети. Се спроведуваат строги протоколи и засилени заштитни мерки за безбедност како на корисниците на услуги, така и на болничкиот персонал. По кусиот прекин, веќе од 1 јуни установата започна повторно со прием на пациенти со посебна процедура која опфаќа тријажа на корисниците на услуги со цел да се заштитат останатите штитеници од влез на вирус од надвор.

Специјализираната болница „13 Ноември" изработи и ги спроведува упатствата кои овозможуваат безбедна долготрајна нега на корисниците на услуги во координација со Министерството за здравство во однос на превенцијата преку едукација на корисниците на услуги и персоналот, задолжително користење на лична заштитна опрема и зачестена лична хигиена и дезинферкција, во однос на физичката поставеност и сместување на пациентите и начинот на извршување на групните активности, контрола и засилен надзор за рана детекција на евентуален случај на ковид-19 заболен, како и во однос на грижата за ковид-19 пациент и превенција на понатамошна трансмисија.

Со доследно спроведување на сите мерки за заштита од ширење на вирусот, институцијата е безбедна. Од почетокот на пандемијата со ковид-19 вкупно регистирани заболени во установата биле пет вработени и четири корисници на услуги, а доследното почитување на мерките спречи ширење на вирусот во рамки на установата, стои во соопштението.

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе