Ковачевски, Османи и Фрчкоски на 77-то Генерално собрание на ОН во Њујорк

Започнаа активностите на Самитот за трансформација на образованието во рамките на 77-то Генерално собрание на Организацијата на ООН во Њујорк. На отворањето на Самитот присуствуваа претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски, министрите за надворешни работи и за образование и наука, Бујар Османи и Јетон Шаќири, амбасадорот на постојаната мисија на Македонија во ОН во Њујорк, Љубомир Фрчкоски, шефот на кабинетот на претседателот на Владата, Мартин Попов и советникот за надворешни работи, Едмонд Адеми.

Настанот започна со воведно обраќање на генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш, а продолжува во текот на денот со дебата во чиј фокус се националните цели за обезбедување на квалитетно и достапно образование за секое дете.

Во рамките на овој Самит е предвидено обраќање на премиерот Ковачевски кое според агендата е околу 16 часот по локално време.

На Самитот за трансформација на образованието учествуваат над 90 лидери на шефови на држави и влади, кои ќе дебатираат за најдобрите начини на унапредување на образовните системи во земјите.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе