Државен завод за статистика

Коронавирусот ја зголеми смртноста во земјава - само во ноември починале 3.847 лица

Според податоците на Државниот завод за статистика бројот на умрените лица е зголемен за 26 проценти во текот на минатата година во однос на 2019 година и изнесува 25.775 умрени лица. Поголемот број се од машки пол и тоа, 13.914 лица или 54 проценти од вкупно умрените лица. Според месецот на смртта, најголем број случаи – 3.847 се регистрирани во ноември минатата година, односно кога земјата беше зафатена од голем бран на ковид-19.

Како и во минатите години, најголемо учество имаат умрените лица од болести на циркулаторниот систем и тоа во 41,6 отсто од случаите, неоплазмите со 15,2 отсто, додека минатата година на трето место според смртноста е како последица од компликации од болеста ковид-19. Но, со 5,8 отсто се застапени и случаите кај кои утврдената причина за смрт се болестите на респираторниот систем.

Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 71,6 години, односно 75,3 години кај лицата од женски пол или за 3,7 години повисока просечна возраст се бележи кај жените.

 

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе