Комплетно реновиран Центарот за дијабетес при Клиниката за ендокринологија

На Клиниката за ендокринологија комплетно се реновирани пет дијабетолошки амбуланти, направена е посебна амбуланта за преглед на итни пациенти со ургентни дијабетолошки компликации, а отворен е и Кабинет за дијабетично стапало и опремен со термален скенер за стапало и дигитален биотензиометар – вибротест, информира Министерството за здравство. 

Министерот за здравство, Венко Филипче, кој вчера ја посети Клиниката рече дека пациентите со дијабетес може да имаат сериозни и несакани последици од ковид инфекција и затоа посебно се водело сметка да се осовремени Центарот за дијабетес со цел спроведување на посебните протоколи кои се неопходни при преглед на амбулантски болни во услови на пандемија.

Од Министерството за здравство соопштија дека во оваа установа е регулиран протокот на болните, дефинирани се патеки на движење во согласност со протоколите за одржување дистанца, сите амбуланти се опремени со УВ лампи со цел темелна дезинфекција на просторот.

„Изминатиот период на Клиниката целосно беа реновирани одделот за интензивна нега, дел од болничкото одделение и собата за изолација. За офталмолошкиот кабинет беше набавена фундус камера, биомикроскоп за преглед на предниот очен сегмент и апарат за бесконтактно мерење очен притисок, а оваа јавно-здравствена установа е вклучена во интернационален проект од светски рамки за ран скрининг на компликации од дијабетична ретинопатија. Набавени се и два ехо апарати за преглед на тироидна жлезда, за ендокринолошката амбуланта”, вели директорката на установата д-р Саша Јовановска Мишевска.

Овие активности, како што додаваат од Министерството за здравство, се дел од долгорочната стратегија за унапредување на услугите во јавното здравство, подобрување на условите за работа на здравствените работници и инфраструктурно зајакнување на установите.

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе