Одлука како ќе се учи нема

Комисијата за заразни болести побара дополнителни информации од Министерството за образование

На денешната седница на Комисијата за заразни болести во присуство на претставници на Министерството за образование и наука беа разгледани и се дискутираше за Планот за одржување на наставата во училиштата во учебната 2020/2021 година подготвен од МОН, од аспект на безбедност на сите чинители во наставниот процес – учениците, наставниците, помошниот персонал, како и од аспект на спречување на ширење на заразата со коронавирус во училиштата, но одлука не е донесена.

Комисијата за заразни болести, како што соопшти Министерството за здравство, побара од МОН да достави податоци за сите училишта во сите општини во државата и бројот на деца во сите паралелки поединечно, кои се клучни податоци за да се утврди каде евентуално би имало онлајн настава, а дали и каде би било евентуално безбедно да се одвива настава и со физичко присуство.

Денес на Комисијата за заразни болести биле присутни и претставници на Министерството за труд и социјална политика и се разгледувале и се разговарало и за протоколите за почеток на работењето на градинките. Заклучокот беше дека дел од протоколите треба да се доработат од страна на МТСП, да се разгледаат и потоа да се донесе одлука во врска со почеток на работењето на градинките.

Исто така, била разгледана и информацијата за воведување на ПЦР тестови за граѓаните од ризичните земји кои транзитираат низ нашата земја, за сега Комисијата продолжува будно да ја следи ситуацијата и доколку се утврди дека има потреба, не се исклучени дополнителни мерки. Со постојните мерки, граѓаните кои транзитираат низ земјава потпишуваат изјава дека за 3 часа ќе ја напуштат земјата и не претставуваат опасност за ширење на коронавирусот во нашата земја.

 

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе