ИВАП

Комисијата за заразни болести одобри одржување концерти

Асоцијацијата на Ивент индустрија ИВАП ја известува јавноста дека  Комисијата за заразни болести одобри одржување на јавни настани, собирања, музички концерти, а наскоро ќе биде објавен и протоколот за работа.

„Оваа одлука е резултат на повеќемесечно залагање и преговарање на Асоцијацијата ИВАП а во последните недели и неформалното Здружение на културните промотори и иницијативата „Музика сега". Должни сме да соопштиме дека ние како Асоцијација, но и другите групи, предложивме протоколи за работа и според информацијата што ја добиваме од Комисијата, составен е еден официјален протокол со кој наскоро ќе биде запознаена и јавноста. Мило ни е дека од страна на Комисијата беше согледана нашата сериозност и одговорниот пристап кон проблемот, што денеска беше истакнато и во изјавата на министерот Венко Филипче“, велат од ИВАП.

Од Асоцијацијата упатуваат голема благодарност до министерката за финансии Нина Ангеловска и до заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања и координација со економските ресори Мила Царовска и до сите кои биле подготвени да ги слушнат нивните барања и да се вклучат во изнаоѓање на квалитетно решение за нивниот сектор.

„Ние остануваме одговорни компании кои се грижат за јавното здравје и ве уверуваме дека нашите настани можат да бидат безбедни за сите посетители, секако само ако сите сме одговорни и ги почитуваме протоколите. Секако апелираме и на останатите организатори на настани да се придржуваат и да ги почитуваат усвоените протоколи. Наскоро ќе ги објавиме и условите под кои ќе се одвиваат настаните. И како што постојано потенциравме, шоуто мора да продолжи, но секако во нови услови. Апелираме – носете маски, чувајте се и почитувајте ги мерките за заштита“, истакнуваат од ИВАП.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе