Комисијата за заразни болести денеска ќе одлучува за ПЦР тестови за транзит-патниците

Комисијата за заразни болести денеска ќе одлучува за евентуално воведување тестови за патниците кои транзитираат низ земјава откако беше објавено дека во саботата со авион на „Визер“ од Скопје во Турку, Финска, пристигнале уште 12 позитивни патници. Министерот за здравство, Венко Филипче смета дека треба да се воведат тестови за овие патници.

На вчерашната прес-конференција, Филипче рече дека по првичниот случај со летотот со позитивни патници од Скопје, пратиле писмо преку Министерството за надворешни работи до Амбасадата во Стокхолм, која ја покрива и Финска, но не го добиле списокот со 24 лица детектирани како позитивни.

„Наша цел беше да видиме дали се наши или државјани на Косово, кои беа во тој авион, но по вториот случај, на Комисија за заразни болести ќе дискутираме за воведување ПЦР-тестови и за транзит-патниците. Во целиот регион имаме најстабилна ситуација, кај нас има подобрување, нема потреба нашата земја, нашиот аеродром, да стои како место од кое излегуваат позитивни патници“, изјави Филипче.

Со саботниот лет на „Визер“ од Скопје во Турку, Финска, пристигнале уште 12 позитивни патници. Во авионот имало 115 патници, а тестирани биле 95 отсто. На сите им се издадени наредби за домашен карантин.

Ова е трет по ред лет Скопје – Турку во кој беа откриени патници позитивни на Ковид-19. На првиот лет на 8 август, по доброволното тестирање на сите што пристигнаа од Скопје, позитивни беа 26 лица, а на вториот на 11 август уште пет. Вкупно досега на трите лета се регистрирани 42 случаја на коронавирус. Повеќето од патниците во трите лета биле со патни исправи на Косово и на Финска.

 

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе