Комисијата за заразни болести денеска ќе одлучува за продолжување или олабавување на рестриктивните мерки

Комисијата за заразни болести денеска треба да препорача дали ќе продолжат да важат сегашните рестриктивни мерки во државата или ќе има нивно олабавување, по што одлука ќе донесе Владата.

Актуелните рестриктивни мерки важат од 6 до 20 април и вклучуваат полициски час од 20 часот навечер до 05 часот наутро, а поради третиот бран на коронавирусот затворени се угостителските објекти, рестораните, кафулињата, но и спортските обложувалници, теретаните, фитнес клубовите...

Одлуката за овие рестриктивни мерки беше донесена поради сѐ поголемиот број нови случаи на ковид-19 и хоспитализирани пациенти, по што беа отворени и неколку модуларни болници.

Министерот за здравство Венко Филипче деновиве изјавуваше дека бројот на новозаразени се намалува, а се намалува и притисокот врз болниците, но пред да се донесе одлука за рестриктивните мерки рече дека ќе се следи состојбата во текот на викендот.

Последните податоци од Министерството за здравство објавени вчера беа дека во последните 24 часа се направени 2.379 тестирања, а регистрирани се 364 нови случаи на ковид-19, а починаа вкупно 24 лица.

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе