Олабавување на мерките поради стабилна епидемиолошка состојба

Комисијата предложи укинување на полицискиот час, свадби со повеќе од 100 гости, забави во клубовите на отворено...

Олабавување на мерките поради стабилна епидемиолошка состојба предложи утрово Комисијата за заразни болести. Според министерот за здравство, Венко Филипче, се предлага од 16 јуни целосно да се укине полицискиот час, да се укине ограничувањето на максимум 100 гости на свадби и да се дозволат забави во клубовите, но само на отворено со капацитет до максимум 50% од објектот и не повеќе од 1.000 лица.

„Утрово на Комисијата за заразни болници се донесоа следните одлуки кои ќе бидат предложени до Кризниот штаб. Од среда, 16 јуни да се укине целосно полициски час. Епидемиолошката состојба е стабилна и го дозоволува ова, да се укине ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави, да се дозволи организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50% од објектот и не повеќе од 1000 лица“, објави министерот Филипче на Фејсбук. 

Владата треба да донесе одлука по предложените мерки на Комисијата за заразни болести. 

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе

(Овој труд беше презентиран на конференцијата „Геноцидот и неговата превенција во дигиталното доба: предизвици на 21 век“, 19- 23 јули, Барселона, Шпанија.)

повеќе

Во законодавниот дом е блокирано донесувањето на дваесетина закони преку илјадници амандмани поднесени од страна на опозицијата.

повеќе