За полесно справување со ковид-19

Комерцијална банка донираше две амбулантни возила

За потребите на здравствениот систем во борбата против ковид-19 денеска се донирани две амбулантни возила кои ќе бидат наменети за Здравствениот дом во Скопје и за Општата болница во Охрид. Донацијата е од Комерцијална банка во вредност од 336 илјади евра, а покрај возилата, вклучува и кислородни концентратори и околу 7.000 тестови.

„Комерцијална банка се обиде колку што може повеќе да даде придонес во борбата со пандемијата. За таа цел, нашата компанија се приклучи со донација на две возила за итна помош, 280 кислородни концентратори маски за неинвазивна вентилација и 7.120 тестови. Се надевам дека во рамки на нашите можности ќе придонесеме властите полесно да се справат со кризата“, изјави Маја Стевкова Штериева, финансов директор на банката.

Министерот за здравство Венко Филипче, кој присуствуваше на примопредавањето, истакна дека донацијата е исклучително значајна затоа што со неа се зголемува капацитетот за справување со кризата.

„Изразувам благодарност до Комерцијална банка која покажа што значи да се биде општествено одговорен. Тие беа една од првите компании кои го помогнаа Министерството од почетокот на оваа криза и помогнаа таму кајшто беше најпотребно и тоа во делот на лична заштитна опрема, опрема за болниците, делот на лабораториите и со тестови“, изјави Филипче.

Ова не е прва донација на Комерцијална банка. Претходно, донирани се заштитни маски во вредност од 1,2 милиони денари, дадена е финансиска помош од 100 илјади евра за Министерството за здравство и над осум милиони 220 илјади денари помош за вработените на Клиниката за инфективни болести и Институтот за јавно здравје.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе