За Радио Слободна Европа

Колективен имунитет е можен до крајот на летото, ако се вакцинираат 60 отсто од граѓаните, вели Филипче

Проценката е дека некаде до крајот на летото може да се постигне колективен имунитет кај населението во земјава со оглед на сите количини вакцини кои треба да пристигнат. За да се постигне тоа, треба да се вакцинираат околу 60 отсто од граѓаните, оценува министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој во интервју за Радио Слободна Европа вели дека сите вакцини се безбедни и нема потреба граѓаните да преферираат една наспроти друга вакцина.

Според Филипче, на 15 мај се очекува нова количина вакцини од производителот Синофарм, а до крајот на мај и 500 илјади вакцини од производителот Синовак. „Приоритет е ставен на тие што се пријавиле и затоа се направи пресек на 30 април - сите граѓани коишто се пријавени на сајтот vakcinacija.mk, а тоа се невакцинирани близу 160 илјади, во период од две недели, значи некаде до 15 мај ќе добијат термин за вакцинација преку СМС порака или мејл со точно време и пункт каде треба да се јават“, изјави Филипче, додавајќи дека тоа значи оти и помлади ќе добиваат вакцина.

Тој демантира дека има какви било дилеми околу ефикасноста на кинеската вакцина и вели дека сите вакцини се еднакво ефикасни во однос на спречувањето на тешка форма на болест и од смртен исход како резултат на болеста и тоа е потврдено со сите клинички испитувања, со сите испитувања коишто се понатаму направени.

„Нема земја, освен некои ретки кои се производители на вакцини кадешто ексклузивно се користи само еден тип на вакцина од еден производител, тоа е навистина голема реткост и затоа и во нашите разговори со еврокомесарот Оливер Вархеји ни беше укажано дека за патување во ЕУ како еден од условите, кога станува збор за вакцината, ќе бидат прифатени сертификатите за вакцинација со вакцини одобрени и од ЕМА и од СЗО, а сега е постапката за буквално сите вакцини“, додава Филипче.

 

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе