Кочо Анѓушев донираше медицинска опрема во Клиниката „Св. Наум Охридски“ во Скопје

Медицинска опрема во болнички кревети и останат медицински мебел во висина од 1,5 милиони денари донирал Кочо Анѓушев за еден кат од одделот за абдоменална хирургија на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Скопје, информира директорот на Клиниката, Љубен Арсенков.

Според доктор Арсенков, се работи за оддел што е во целост изолиран од останата клиника и со посебен влез и лифт и е неодамна реновиран, но поради финансиската ограниченост на клиниката не беше соодветно опремен.
Директорот во дописот до медиумите информира и за потврдена донација со која ќе се опреми еден од трите ката во Клиниката кои воопшто немаат опрема и додава дека ќе ја информира јавноста за сите донации кои ќе бидат обезбедени со кои би се  зголемил капацитетот на клиниката.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе