Вирусот е широко распространет

Коцевски: Алармантна е состојбата во Велес со заразата

Градоначалникот на Велес Аце Коцевски на прес-конференција изјави дека епидемиолошката состојбата со ковид-19 во велешко е алармантна, а вирусот е широко распостранет и голем дел од лицата кои се позитивни, не можат со сигурност да кажат од каде се заразиле. Во болницата во градот починале четворица пациенти.

Како што изјави градоначалникот Коцевски, некои лица изјавиле дека се заразиле во текот на патувањето до работното место, а други на работното место. До 10.30 часот утрово во Велес се потврдени осум нови случаи, а тројца се оздравени. Се размислува Физикалното одделение да се пренамени за пациенти со ковид-19.

„Во текот на изминатото деноноќие како последица од ковид-19, во Општата болница – Велес за жал починаа тројца пациенти, двајца од Велес и еден од Свети Николе. Сериозна е состојбата во Велешката болница, каде доаѓаат пациенти со тешки симптоми, а капацитетот се исполнува. Се размислува Физикалното одделение да се пренамени за пациенти со ковид-19", потенцира Коцевски.

На Инфективното одделение во болницата во Велес хоспитализирани се 35 пациенти, од кои 33 се со потврдени позитивни тестови, но двајца се негативн, а имаат потешка клиничка слика. Од нив, 24 се од Велес, шест од Свети Николе, двајца од Градско, двајца од Демир Капија и еден од Неготино.

Позитивни на вирусот се и три медицински сестри од Инфективното одделение, еден вработен во анестезиолошката служба и еден работник во Општата болница – Велес.

Коцевски апелираше до жителите на Општина Велес да ги почитуваат мерките и протоколите за заштита од ширење на ковид-19.

Во Велес, вкупниот број на заболени од Ковид-19 изнесува 446, од кои 322 се оздравени и 20 починати. Во моментот, 106 лица се водат како активни случаи, од кои 79 се на наоѓаат на домашно лекување, 24 се хоспитализирани на Инфективното одделение, двајца се лекуваат во Инфективната клиника во Скопје, двајца во Градската општа болница во Скопје, еден на Клиниката за ОРЛ и тројца во приватни клиники во Скопје.

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе

Некогаш, долго после нашава посета на овој свет ќе се појави некој кој ќе го интересира нашиот престој тука.

повеќе