Министерство за здравство

Клиниката за пулмологија и алергологија ќе добие монтажен објект за амбулантски оддел

На Клиниката за пулмологија и алергологија во тек се подготвителни активности за новиот монтажен објект, кој ќе биде поставен на просторот меѓу Институтот за патофизиологија и Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза.

Министерството за здравство соопшти дека веќе е поставена бетонската плоча како подлога за монтажно-модуларниот амбулантско поликлинички оддел.

„Кон крајот на неделата ќе почне поставувањето на контејнерите, чија монтажа треба да заврши до 30 јули, а се планира кон средината на август објектот да биде целосно подготвен. Во новиот објект ќе бидат лоцирани четири амбуланти и кабинети со спирометрија, за дифузија и бодиплетизмографија, за бронхијална провокација, за гасни анализи во крвта, за алерголошки тестирања и за ЕКГ, како и две засебни простории за дневни болници за сместување амбулантските пациенти. Сето ова е придружено со сите потребни помошни простории, тоалети и гардеробери за персонал, посебни тоалети за пациенти, чекалници, административни соби, стерилни остави, сервер соба, климатизација и слично“, информира Министерството за здравство.

Целиот простор ентериерно и екстериерно е оформен така што нема бариери за лица кои користат помагала и лица со попреченост, за кои се предвидени и специјални тоалети, согласно стандардите.
Во меѓувреме се работи на изготвување план за потребното ентериерно уредување и обезбедување медицинска и немедицинска опрема.

„Од Клиниката за пулмологија појаснуваат дека пациентите со белодробни заболувања, поради хроничната болест на белодробниот систем, се во најризичната група за добивање ковид-19, како и за развивање тешки компликации од вирусот, затоа е посебно значајно поставувањето на монтажната амбуланта, која ќе ги исполнува најсовремените стандарди за работа“, се наведува во соопштението на Министерството.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе