Реакција

Клиниката работи за добробит на граѓаните 22 години, информациите на ИРЛ се невистинити, велат од „Жан Митрев“

По објавата на документарниот филм насловен како „Нечиста крв" на новинарската организација ИРЛ во кој има сведочења за работата на Клиничката болница Жан Митрев, во соопштение до јавноста од болницата реагираат за објавеното истражување на ИРЛ во јавноста. Според менаџментот деновиве на социјалните медиуми се објавени невистини и наведувачки информации поврзани со работата на Клиничката болница Жан Митрев.

„Клиничката болница Жан Митрев успешно работи за добробит на граѓаните веќе 22 години, нудејќи им услуги сертифицирани по светски стандарди, професионална грижа во насока на подобрување на здравјето, што е докажано во безброј успешни случаи. Ваквиот пристап продолжи да се применува и во текот на светската панедмија предизвикана од страна на вирусот ковид 19, во кој период клиниката со многу труд, волја и неизмерно себевложување од своите вработени придонесе за спасување на огромен број на човечки животи“, велат од клиниката Жан Митрев.

Од таму додааваат дека се згрозени од тенденциозниот говор на омраза, употребуван кон нивната институција, како и од неточните наоди, односно од фабрикуваните информации кои се насочени кон креирање на лажна слика во пошироката јавност за работата на клиниката.

 

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе