Клиника „Жан Митрев“: Со хемофилтрација до негативен тест за ковид-19

Пациент во итна состојба, во хеморагичен шок, поради руптура на абдоминална аневризма, бил примен во клиниката „Жан Митрев“ каде му бил извршен зафат по кој му бил потврден ковид-19. Неговото лекување морало да продолжи на клиниката каде бил ставен на континуирано испирање на крвта со специјален филтер, кој ги отстранува сите инфективни медијатори. По оваа филтрација на крвта пациентот многу добро се опоравувал, па му биле направени неколку тестирања за ковид-19, резултатите биле негативни, а пациентот во добра општа состојба по шест дена лекување ќе биде пуштен дома.

Ова денеска го соопштија од клиниката „Жан Митрев“, од каде во образложението на целиот процес на лекување посочуваат дека пациентите во хеморагичен шок поради руптура на абдоминална аневризма не ја преживуваат доколку веднаш не се оперираат со што се решава крварењето со замена на абдоминалната аорта со васкуларна протеза.

„Додека заврши операцијата, стигна и резултатот од земениот брис кој покажа дека пациентот е позитивен на ковид-19. Тој уште при приемот имаше знаци на температура и кашлица, па со ова се потврди и сомнежот. Бидејќи од Министерството за здравство е дозволено пациентите со ковид-19 да се лекуваат во центрите одредени за тоа, се обидовме веднаш после операцијата да го префрлиме таму, бидејќи од хируршка страна беше згрижен (операцијата беше успешно направена), но не успеавме, со образложение дека капацитетите им се преполни и не го примаа пациентот“, наведуваат од Клиниката.

Моравме, потенцираат од клиниката, да продолжиме со лекувањето и следниот ден го ставивме на континуирано испирање на крвта со специјален филтер, кој ги отстранува сите инфективни медијатори, кои се создаваат од која било инфекција во крвта.

„Оваа метода ја работиме наназад осум години и со огромното искуство, кое до сега го имаме со слични состојби од различни причинители, знаевме дека ова е единственото што може да му го направиме на овој пациент со надеж дека сме му помогнале, бидејќи со ковид-инфекција во ваква состојба немавме искуство. Вообичаено оваа филтрација се одвива 48 часа континуирано, но кај овој пациент само после 12 часа филтерот комплетно се запуши. Тоа зборуваше за многу ослободени медијатори на инфекцијата и токсини, кои во тоа време циркулирале во крвта. Пациентот после оваа филтрација на крвта многу добро се опоравуваше, па по два дена направивме повторен тест за ковид, на кој беше негативен. И наредните три теста покажаа негативен резултат. Така што после само шест денови лекување, пациентот во добра општа состојба и негативен на коронавирус го пуштаме дома. Ова е само едно позитивно искуство“, истакнуваат од Клиниката. 

Време е за коренити промени на економскиот систем во Хрватска.

повеќе

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе