Клиника за нефрологија: За три години изведени се 55 трансплантации на бубрези

Од Клиниката за нефрологија информираат дека во последните три години (период 2017-2020), направени се вкупно 55 трансплантации на бубрези. Од вкупниот број, од починат дарител се изведени 10 трансплантации, со што 10 пациенти добиле бубрег.

„Во 2020 година, пред почнувањето на ковид пандемијата беа изведени четири трансплантации од жив дарител. Во месец мај 2020 год, во екот на пандемијата беше изведена првата кадаверична трансплантација од која органи добија двајца пациенти (кај еден пациент трансплантираниот бубрег не беше прифатен). Во текот на вчерашниот и денешниот ден тимовите од Клиниките за нефрологија и урологија изведоа две кадаверични трансплантации - двајца пациенти добиваат бубрег. На пациентите им посакуваме успешен тек во процесот на опоравување, порачуваат од Клиниката. Со трансплантацијата на бубрези, пациентите повеќе не одат на дијализа и квалитетот на живот значително им се подобрува“, соопштуваат од Министерството за здравство. 

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе