Според МОН, испраката ќе се одвива во текот на неделава за следните учебници:
- на македонски наставен јазик: македонски јазик за прво и за второ одделение, математика за прво одделение, природни науки за прво, второ и за четврто одделение, историја и општество за четврто и за петто одделение;
- на турски наставен јазик: учебник за турски јазик за прво и второ одделение,
-на албански наставен јазик: учебник по математика за четврто одделение и учебници по албански јазик за второ, четврто и петто одделение;
- на српски наставен јазик : учебници по српски јазик за второ, четврто и за петто одделение, и учебник по математика за четврто одделение.
По испораката на овие учебници, МОН најавува дека ќе започне и испораката на учебниците по албански јазик и математика за прво одделение, природни науки за прво, второ и четврто одделение и историја и општество за четврто и петто одделение, сите на албански наставен јазик.
„Ги известуваме учениците и родителите дека новите учебници ќе бидат достапни и на веб-страницата на Министерството за образование и наука www.e-ucebnici.mon.gov.mk. Апелираме до родителите да не прават беспотребни трошоци и да ги копираат учебниците, бидејќи печатените учебници ќе бидат достапни за секој ученик бесплатно.
Веднаш по печатењето и испораката на учебниците за основното образование, продолжува печатењето на повеќе нови учебници за средното стручно образование“, велат од министерството.