Објавен тендер

Ќе се реновираат 34 јавни здравствени установи

Министерството за здравство почна постапка за реновирање 34 здравствени установи и набавка на опрема за нивните потреби. На 6 август е објавен тендер за градежно-занаетчиски услуги за тековно одржување на здравствените објекти и набавка на болнички кревети и ТВ приемници за потребите на 34 здравствени установи во Македонија, информираат од Министерството.  

Со цел да се подобрат условите во кои се даваат примарните здравствени услуги ќе се направи комплетно молерисување на сите внатрешни простори со материјали и бои што се користат за ентериери во болници и други јавни простории и истите овозможуваат соодветно одржување и чистење, поправка и репарирање внатрешни врати и прозорци и замена на ѕидни и подни плочки и замена на галантерија во тоалети, како и набавка на нови болнички кревети и телевизори во болничките соби.

„Со реновирањето на здравствените установи низ целата држава, на медицинскиот персонал ќе им овозможиме подобри услови за работа, но и подобри и подостоинствени услови на пациентите за престој во болница“, наведуваат од Министерството за здравство.

Оттаму ги повикуваат сите заинтересирани економски оператори што имаат интерес за учество да ја погледнат целокупната документација во Електронскиот систем за јавни набавки.

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе