Министерство за здравство

Kинеските вакцини распределени по вакциналните центри, почнува имунизацијата низ целата држава

Кинеските вакцини Синофарм денеска се распределени по вакциналните пунктови во Тетово, Куманово, Штип, Кавадарци, Битола и Охрид. Од утре почнува имунизацијата низ целата држава. Министерството за здравство планира дневно да се вакцинираат од 10 до 15 илјади граѓани.

На 30 април во Македонија пристигнаа 200 илјади кинески вакцини Синофарм. Утре преку Ковакс механизмот на ЕУ треба да пристигнат 4.680 Фајзер вакцини. Европската Комисија и Австрија на 20-ти минатиот месец објавија дека вкупно 651.000 дози на вакцините Фајзер ќе бидат доставени на регионот, на неделна основа, од почетокот на мај до август. Од нив, 119.123 вакцини ќе бидат за Македонија. Вакцините се финансирани од пакетот вреден 70 милиони евра, кој ЕК го одобри во декември минатата година за да помогне во покривањето на трошоците за вакцини обезбедени преку договорите на ЕУ за авансна набавка за партнерите од Западен Балкан. Австрија го олесни споделувањето на овие вакцини финансирани од ЕУ преку правни договори со производителот и со секој партнер од Западен Балкан.

Во Охрид вакцинацијата ќе се спроведува во спортската сала „Билјанини извори“ каде се монтирани 14 кабини со 28 пунктови за вакцинација, а тука е предвидено да се врши имунизација на околу 1.500 лица дневно.

Во спортската сала на медицинското училиште во Тетово денеска се одржа симулација за престојната масовна вакцинација против ковид-19. Пунктот ќе работи во две смени, од 8 часот наутро до 20 часот навечер, а се обезбедени 20 кабини каде ќе се одвива вакцинацијата со кинеските вакцини на Синофарм.

Попладнево пристигна првата количина на вакцините Синофарм и во вакциналниот пункт во Битола сместен во спортската сала на Медицинското училиште. Денеска пристигнаа околу 5.000 колку што е капацитетот на фрижидерите во кои се сместуваат и чуваат вакцините, а во текот на наредните дена ќе пристигнуваат нови количини согласно потребите и капацитетот на фрижидерите. За вакциналниот пункт во Битола се пријавени околу 18.000 граѓани преку апликацијата вакцинација.мк, а за утре се пријавени 910 лица. Во овој пункт ќе се вакцинираат граѓани од Битола, Прилеп, Крушево, Демир Хисар и Македонски Брод. Вакцинирањето ќе се извршува на 25 пункта. Во две смени ќе има по 25 медицински тима, ќе има и административен тим на приемот и пуштањето после примената вакцина.

Масовната имунизација со кинеските вакцини за граѓаните од штипскиот и струмичкиот регион почнува од утре во 8 часот во спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип каде попладнево се доставени 5.000 вакцини на Синофарм. Салата „Јордан Мијалков“ има 22 вакцинални пунктови, а дневно ќе може да се имунизираат од 1.000 до 2.000 граѓани

„Акцент ќе се стави на граѓаните кои веќе се пријавени и кои веќе чекаат и според возраста и според приоритетот на пријавување, односно оние кои први се пријавиле и веќе чекаат да бидат повикани. Ако досега не биле повикани ќе бидат според возраста. И тоа ќе се одвива насекаде во државата“, рече Венко Филипче, министерот за здравство.

Досега во Македонија против коронавирусот се вакцинирани околу 60.000 лица.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе