Министерство за здравство

Кардиологот Балевски од Марибор дојде да помага на Инфективната клиника во Скопје

 Од вчера на Инфективната клиника како поддршка на нашиот тим доброволно престојува кардиологот доктор Игор Балески, кој долги години живее и работи во Универзитетската болница во Марибор, Словенија.

„Тој има огромно искуство во третман на пациентите на интензивна нега. Сакам да изразам голема благодарност до колегата и уверен сум дека неговиот придонес во оваа ситуација навистина ќе биде од големо значење и за пациентите и за членовите на медицинскиот тим на Инфективната клиника во Скопје“, изјави вчера Венко Филипче, министерот за здравство.

Балевски е шеф е на тимот за интервентна кардиологија во Марибор, доктор на медицински науки за Интервентна кардиологија во Словенија и едукатор за интервентна кардиологија на доктори специјализанти од Европската Унија. Балевски по потекло е од Охрид, своето образование го стекнал во Македонија, а се доедуцирал во Словенија, Германија, Австрија и Италија.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе