Емотивна изјава поради некои медиумски и партиски напади

Караџовски: Не сум мафијаш, чист сум како солза

„Се лепат етикети дека јас сум мафијаш, дека такви сме ние од Комисијата за заразни болести, дека добиваме екстра пари... Јас сум чист како солза, член сум на оваа Комисија 26 години, без оглед кој е на власт, имам автомобил стар 18 години и двособен стан и не се продавам за пари. Сакам ова медиумите да го објават“, изјави претседателот на Комисијата Жарко Караџовски.

Јас и мојата фамилија ниту некогаш сме биле ниту ќе бидеме мафијаши ниту ќе бидеме корумпирани, а особено не се продаваме за ситни пари. Ако некој од нас бара оставка треба да аргументира зошто ја бара, рече претседателот на Комисија за заразни болести, Жарко Караџовски, предивикан, како што нагласи од некои партиски и медиумски етикети.

Тој на денешната прес-конференција посочи дека во Комисијата има професионалци со 30 години искуство, таму има луѓе кои имаат свои семејства и не е во ред некој за нив да вели дека се мафијаши или корумпирани.

„Јас сум член на Комисијата за заразни болести од 1994 година. Во континуитет 26 години. Во состојба кога било која партија била на власт, внатре биле исклучиво професионалци од областа. Дури и кога била друга политичка партија на власт, јас сум бил таму, затоа што сум професионалец.

Бевме обвинувани дека земаме грдни пари, дури дека се продаваме за ситни пари и дека сме мафијаши", рече Караџовски.

Тој додаде дека ако некој треба да си поднесе оставка, тогаш треба да си поднесат оставка тие што бараат оставка од него, а во исто време ја опструираат борбата против коронавирусот. Ако пак мислат дека се толку способни, од своите искуства на седење во канцеларија, а не во првите борберни редови, нека кажат како треба да се работи.

„Имам автомобил стар 18 години, имам двособен стан, а не хациенда како што се пишуваше. Нека каже некој јавно преку која комисија преку кој потпис, министерот ми има потпишано екстра пари мене или на Комисијата. Нека истражуваат комисиите, финансиската полиција. Нека дојде и Меѓународна комсија тоа да го провери. Ние од Комисијата сме чисти како солза. Сме направиле 132 состанока, имаме аргументација од 50 страни, се раководиме од стручноста, од науката, од препораките на Светската здравствена организација", истакна Караџовски.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе