Јавниот автобуски превоз во Битола од денеска ќе сообраќа само до 17 часот

Од утрово во сила е одлуката на Општина Битола со која организираниот јавен автобуски превоз во градот ќе функционира само до 17 часот. Редовните сообраќајни линии овластените автобуски превозници ќе ги одржуваат до 17 часот, со што општина Битола продолжува со примената на владините мерки за превенција од ширење на вирусот ковид-19.

„Оваа мерка ќе овозможи доволно време за сите јавни претпријатија и приватни компании што вршат јавен превоз на патници да вршат редовна дезинфекција на превозните средства, а возрасните и високоризичните категории на граѓани со хронични болести да го намалат своето движење и да го избегнуваат јавниот превоз', посочуваат од битолската локална самоуправа.

Општина Битола ги извести сите автотакси компании, нивните возачи да возат со заштитни маски и ракавици и секој ден да ги дезинфицираат такси возилата. 

МИА

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе