Jaпонската машина за медицински отпад заштити 200 вработени на Инфективната клиника и илјадници пациенти

На Клиниката за инфективни болести и фербилни состојби во Скопје денеска се одржа церемонија за комплетирање на GGP-проектот спроведен од страна на Амбасадата на Јапонија што овозможи преку донација Клиниката да добие машина за рециклирање на медицинскиот отпад во вкупен износ од 65.801 евро. Во текот на една година на употреба на машината заштитени беа околу 200 врботени, над 30 илјади пациенти, како и животната средина. Јапонскиот амбасадор вели дека е многу задоволен што неговата земја придонесе за заштита на народот во Македонија.

„Во период од една година со помош на машината рециклиравме повеќе од 1,3 тони токсичен и медицински отпад во комунален. Од економска перспектива, со употреба на оваа машина клиниката годишно заштеди повеќе од 50 проценти од комуналните давачки“, изјави Мирјана Пехчевска Поп-Илиева организациска директорка на Универзитетската Клиника за инфективни болести и фербилни состојби – Скопје.

Донацијата, како што посочи, помогна да се заштитат 200 вработени, над 30.000 пациенти и животната средина од токсични материјали предизвикани од инфективните болести, како што е ковид-19.

Јапонскиот амбасадор, Савада Хиронори во своето обраќање истакна дека му претставува задоволство што Јапонија успеала да помогне на македонскиот народ да има подобри и побезбедни здравствени услови.

„Тоа го правиме во рамки на јапонската програма за мали грантови за основни потреби и човечка безбедност, што е еден од столбовите на нашата соработа со Северна Македонија. Од 1996 година Јапонија реализираше проекти во секторот за здравство, образование и животна средина во Северна Македонија. Досегашната поддршка од Јапонија изнесува вкупно 8,5 милиони евра за 171 GGP-проект“, рече амбасадорот Хиронори.

Тој додаде дека во рамки на иницијативата за Западен Балкан, Јапонија останува посветена да ја поддржи земјата во социјалниот и економскиот развој, што, како што вели, е важен фактор за евроинтеграциите.

Како што информира Амбасадата на Јапонија, досега во земјава се финансирани 60 проекти во здравствениот сектор во вкупна вредност од три милиони евра, конкретно во медицинска опрема, реновирање на клиники и возила за брза помош.

Дополнително се обезбедени и 813.000 евра како итна помош за справување со ковид-пандемијата.

Преку GGP-проектите обезбедени се финансии и за реновирање и набавка на опрема за повеќе од 73 училишта и градинки, 64 здравствени установи и обезебедени се 34 специјализирани возила за управување со отпад и услуги за 51 општина.

Овие проекти, како што изјави јапонскиот амбасадор имаат за цел да помогнат во социо-економскиот развој на локалните заедници преку обезбедување на неповратна финансиска помош за болниците, училиштата и останатите јавни и непрофитни организации. GGP е програма на светско ниво, што е дел од Јапонската официјална помош за развој – ODA

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе