Јапонска помош за болницата „8 Септември“

Амбасадорот на Јапонија Хиронори Савада денеска го потпиша вториот грант договор во 2021 година, во рамки на јапонската ГГП-грант програма за мали проекти за човекова безбедност во Македонија, кој има за цел подобрување на медицинските услуги преку набавка на ултразвук за Градска општа болница „8 Септември“ – Скопје, во вредност од 60.985 евра.

Преку проектот треба да се подобри квалитетот на здравствената нега на пациентите. Новата опрема ќе му овозможи на Одделот за интервентна радиологија во оваа болница да ги изведува најмодерните и софистицирани интервенции и процедури, помагајќи во борбата со различни видови на заболувања од рак.

Договорот во име на Градска општа болница „8 Септември“ го потпиша директорот Христијан Костов.

„Преку програмата за мали грантови (GGP), Јапонија финансира проекти за реновирање и обезбедување опрема за повеќе од 70 училишта и градинки и 47 здравствени установи и обезбеди 31 возило за одржување и комунални возила за 49 општини во сите 8 региони во државата“, соопшти јапонската амбасада во земјава.

Јапонија ја поддржува Македонија во повеќе сектори и тоа инфраструктурен развој, подобрување на здравствената нега, образованието, животната околина, култура, спречувањето на природни катастрофи, бегалската криза, како и итна помош, во вкупен износ од повеќе од 422,3 милиони евра, како и дополнителна нефинансиска поддршка.

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе