Нова успешна операција на скопската Клиника

Извршена третата трансплантација на срце - чука во телото на 39 годишна жена

Почна да чука новото срце во градите на 39 годишната жена на која утрово ѝ беше извршена трансплантација. Тешката операција траеше 5 часа. На пациентката ѝ посакувам побрзо опоравување, објави министерот за здравство Венко Филипче. Министерството за здравство вели дека поради сериозноста на операцијата следните 48 часа се критични за пациентката. Во тек е трансплантација на бубрези на двајца пациенти од донаторката, информира Министерството.

Tрансплантација на срце ja извршија кардиохирурзите проф. д-р Сашко Јовев, академик Жан Митрев, д-р Марјан Шокаровски, д-р Васил Папестиев, д-р Никола Христов, д-р Тања Анѓушева, анестезиолозите д-р Стефанија Хаџиевска, д-р Надица Мехмедовиќ, д-р Весна Митасова, д-р Јасмина Илиевска, како и тим на перфузонисти, инструментари, медицински сестри.

Ова е трета трансплантација на срце во историјата на нашата земја.

Министерството за здравство преку соопштение информира дека утрово на Клиниката за кардиохирургија е извршена третата трансплантација на срце во историјата на нашата држава. Операцијата беше извршена врз 39 годишна жена, со вродена срцева маана, кoја подолго време чекаше донор. Станува збор за тешка операција, која тареше 5 часа, а поради сериозноста на истата, следните 48 часа се критични за пациентката, велат од Министерството.

Донираното срце е од починат пациент чие семејство ја покажа својата големина и човечност и одлучи да ги донира срцето и бубрезите за да се спасат три животи. За овој гест на хуманост министерот за здравство д-р Венко Филипче, Министерството за здравство и целиот медицински персонал им изразуваат неизмерна почит и благодарност, се вели во соопштението.

„На Клиниката за урологија во тек е трансплантација на бубрези кај двајца пацинети за чија здравствена состојба Министерството дополнително ќе ја информира јавноста, откако ќе завршат операциите. Во трансплантацијата на органи учествуваа хирурзи, анестезиолози и останат медицински персонал од државните клиники Кардиохирургија, Кардиологија, Урологија, Нефрологија, Институтот за траснфузиона медицина, за Рентгенологија, КАРИЛ и лекарски тим од Клиничката болница Жан Митрев", информира Министерството за здравство.

Експлантацијата на срце од донорот започна утрово во 6:33 часот. Филипче преку Фејсбук тогаш најави дека таа беше започната по интензивните подготовки во текот на ноќта.

„На двајца пациенти ќе им се трансплантираат бубрези. Доцна синоќа заедно со моите колеги ги направивме подготовките за трансплантација на срце и бубрези од мртов донор чие семејство даде согласност да се донираат органите на пациентот", објави министерот за здравство Венко Филипче.

Во земјава претходно беа направени уште две успешни трансплантации на срце.

Минатиот месец срцето на младата девојка Верица Белчовска, која ја загуби битката за живот по сообраќајна несреќа, продолжи да работи и да живее во телото на 22 - годишно момче чиј живот поради срцева болест беше во опасност. Нејзините бубрези ги добија двајца пациенти на дијализа, а на други пациенти им беа трансплантирани коски.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе