На Клиниката за ортопедија

Извршена прва операција на вградување коска во подлактица од починат донор

Министерството за здравство соопшти дека на Клиниката за ортопедија при ТОАРИЛУЦ (Tрауматологија, oртопедски болести, aнестезија, реанимација и интензивно лекување и uргентен центар) беше оперирано 17 – годишно момче со тумор на десната подлактица. Тимот хирурзи под раководство на проф. д-р Милан Самарџиски го отстрани во целост туморот од долниот крај на радиусот и го замени со коска од починат донор. Ова е прва операција од ваков тип на Клиниката за ортопедија и во земјава.

„Со вклучување на Клиниката за ортопедски болести во програмата за трансплантација на органи и ткива, се отворија нови можности за третман на пациенти со трауматски повреди, тумори и други дијагнози кои овозможуваат преку оперативен третман заболеното и оштетено коскено ткиво да се замени со ткиво од починат донор и со тоа да се спаси животот на голем број пациенти“, стои во соопштението на Министерството за здравство.

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе

Неразрешеноста на случајот („Јавна соба“) дури после речиси две години од неговото откривање ја активира јавноста бидејќи се руши илузијата дека надлежните работат на случајот.

повеќе

На националистичките агенди во регионот им треба релативно мала искра за да се направи многу поголем пламен.

повеќе