Извештај на ЕК: Ограничен напредок во образованието

Македонија е умерено подготвена во областа на образованието, констатира Европската комисија во Годишниот извештај за напредокот на земјава. Постигнат е ограничен напредок во периодот за кој се однесува извештајот при што се има предвид и влијанието на пандемијата со ковид-19. ЕК нотира дека бавно се спроведува Стратегијата за образование 2018-2025 и развојот на соодветен систем за следење.

Остануваат да важат препораките од минатогодишниот извештај затоа што се делумно исполнети. Наредната година државава, според препораките во Поглавјето 26 од Извештајот, треба особено да се насочи на усвојување на Законот за стручно образование и обука (СОО) и на воспоставување и операционализација на регионалните центри за стручно образование и обука, да го финализира и усвои Законот за образование на возрасни. Треба да го подобрува  пристапот до квалитетно образование за сите, особено за децата со попречености и децата Роми, со зголемување на уписот во предучилишно образование, а исто така и да ја подобрува поддршката за обука и професионален развој на наставниците.

Со Законот за основно образование, кој почна да се применува во учебната 2019-2020 година, обезбедена е основа за инклузивно и квалитетно образование и дека од минатата учебна 2021-2022, согласно новата Концепција за основно образование, изготвени се нови наставни програми за учениците од првите четири одделенија и сe спроведени значителен број обуки на наставниците за овие програми.

Според извештајот, постигнат е напредок во зајакнувањето на стручно образование и обука зашто стапката на учество на учениците во овој вид образование е во постојан пораст: 64 отсто во 2021 година наспроти 62,1 отсто во 2020 и 61,8 отсто во 2019 година. Посочува и на спроведената кампања „Учи паметно, работи стручно" за промовирање на стручното образование во земјава и дека се отворени речиси 100 дуални паралелки со кои се зголемува  бројот практиканти во приватни компании.

Но, ЕК укажува дека сè уште не е усвоен новиот закон за стручно образование и обука кој го нагласува учењето базирано на работа и улогата на регионалните центри за стручно образование и обука кои ќе бидат основани низ целата земја. Тие треба да обезбедат специфични обуки насочени кон потребите на локалниот пазар на трудот во координација со бизнис-заедницата. Извештајот укажува дека наставните програми за стручна обука се во ревизија од 2019 година за да се приспособат на потребите на пазарот на трудот, а модернизацијата на трите центри за стручно образование и обука е попречена од бавното усвојување на неопходниот закон од страна на Парламентот.

ЕК во Извештајот нотира дека во 2021 година јавните трошоци за образование и обука се незначително зголемени на 3,76 отсто од БДП, посочувајќи дека сѐ уште се далеку од просекот на ЕУ кој е 5 проценти.  Тоа го попречува соодветното спроведување на Стратегијата за образование 2018-2025 година. Понатаму, трошењето е многу неефикасно, главно поради застарените формули за прераспределба на средствата за јавно образование од страна на општините.

Иако е постигнат одреден напредок во предучилишното образование, целокупното ниво на запишување останува ниско. Само 45 проценти од децата на возраст од 3 до 6 години во земјава биле запишани во лиценцирани предучилишни установи во 2020-2021 година.

„Ова е мало зголемување во споредба со претходната година“, се наведува во Извештајот кој, сепак, бележи дека има проширување на капацитетите за вклучување на поголем број деца во предучилишно образование и се направени напори за подобрување на неговиот квалитет.

Во однос на другите степени на образование, во учебната 2020-2021 година биле запишани вкупно 71.811 ученици во основно и во средно.

Бројот на запишани студенти во прва година на студии опаѓа во последните три години, но во истиот период за шест отсто (од 46 на 52 отсто) е зголемен процентот на студенти Роми запишани во високообразовните институции.

ЕК посочува дека напредокот во реформирањето на наставните програми за образование и намалувањето на неусогласеноста на вештините е попречен од недостигот на финансии и капацитет.

„Иако Северна Македонија напредуваше многу добро во однос на бројот на луѓе со високо образование, наставните програми не се добро прилагодени да ги опремат дипломираните студенти со потребните вештини за да одговараат на побарувачката на работна сила. Државната финансиска поддршка за образованието е недоволна, а координацијата меѓу образовниот сектор и бизнисите е слаба“, се наведува во Извештајот.

Генерално ниска останува и иновациската активност. Со 0,4 отсто од БДП, вклучително и мал дел од приватниот сектор, расходите на економијата за истражување и иновации не се зголемени во последните години и остануваат значително под просекот на ЕУ.

Нотирано е и дека Македонија, како програмска земја, продолжува активно да учествува во образовната програма на ЕУ – Еразмус+ и во Европскиот корпус на солидарност. На повикот за 2021 година биле доделени грантови за 118 проекти, вклучително и 22 во областа Млади. 

Да ги споменеме и другите големи глобални предизвици: големите опасности од еколошка катастрофа; зголемувањето на нееднаквоста во нашите општества; и напливот на нови технологии кои можат да го нарушат светот доколку истите не бидат соодветно користени и контролирани.

повеќе

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе