Изведена една од најтешките операции на срце кај новородено дете од 2,9 килограми

Првпат во Македонија успешно е изведена една од најтешките и најкомплексни операции на срце кај деца. Кај новороденото дете од 2,9 кг била поставена дијагноза за една од најкомплексните аномалии на срцето на Клиниката за детски болести и веднаш било упатено во клиничка болница „Жан Митрев“, како итен случај.

„По соодветна подготовка, штотуку родениот мал пациент вчера беше успешно опериран. Се работи за т.н. тотална транспозиција на главни крвни садови, една од најкомплексните аномалии на срцето, со која сите крвни садови излегуваат обратно од срцето, со тоа крвта циркулира во обратен правец, овие деца се сини и поради недостиг на кислород умираат набрзо по породувањето.

Операцијата ја изврши академик д-р Жан Митрев и целата оперативна подготовка, анестезијата, кардиоперфузијата, инструментарките, како и комплексното постоперативно водење беше од лекарите и персоналот на болницата“, информираат оттаму.

Во текот на овој комплексен, исклучително тежок оперативен зафат не присуствувал ниту еден странец или советник на ниедна позиција.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе