Изолацијата од ковид-19 се намалува на 7 дена, одлучи Владата

Периодот на изолација или карантин поради ковид -19 се намалува на седум дена, одлучи Владата на денешната седница, по вчерашната препорака од Главниот координативен кризен штаб донесена на предлог на Комисијата за заштита од заразни болести поради полесната клиничка слика што ја предизвикува сојот омикрон.

Владината прес-служба вечерва соопшти дека Владата донела одлука за намалување на периодот на изолација за лицата кај кои лабораториски е утврдено присуство на ковид-19, како и периодот на самоизолација/карантин на лицата кои биле во близок контакт со потврден случај со ковид-19.

Согласно овие препораки на лицата кои се лабораториски потврдени на ковид-19 (со PCR тест или со брз антингенски тест), а кои не развиле симптоми на болест, односно се асимптоматски случаи на ковид-19 им се одредува домашна изолација од седум дена од денот на тестирањето. По завршување на периодот на изолацијата, потребни се дополнителни три дена строго почитување на мерките за лична заштита (носење заштитна маска N95/FFP2 при престој во затворен простор со други лица или на отворено кога не може да се држи растојание од два метри, честа дезинфекција на раце, избегнување на групирање), наведуваат од владината прес-служба.

Според одлуката на Владата, за лицата кои се лабораториски потврдени на ковид-19 (со PCR тест или со брз антингенски тест), а кои развиле клиничка слика соодветна на вирусот, односно се симптоматски случаи, треба да им се одредува изолација седум дена од денот на тестирањето плус три последователни денови доколку лицето е без покачена телесна температура.

Според овие промени, лицата кои имале блиски контакти на потврдени случаи на ковид-19 се упатуваат во домашна самоизолација/карантин во траење од седум дена од денот на последниот контакт со потврдениот случај, а по завршување на периодот на самоизолацијата/карантинот потребно е дополнителни три дена строго да ги почитуваат мерките за лична заштита.

Исклучок од мерката домашна самоизолација/карантин, според владината одлука, треба да има за оние лица кои исполнуваат еден од критериумите: Вакцинирани со ковид-19 вакцина со две или три дози, а од последната доза да не поминале повеќе од шест месеци; Прележани со ковид-19, а позитивниот тест да не е постар од шест месеци; Лицата кои се блиски контакти, а кои заради исполнување на горенаведените критериуми се исклучени од самоизолација/карантин, задолжително треба да ги почитуваат мерките за лична заштита во период од 10 дена од последниот контакт со потврдениот случај.

Датумот на последниот контакт со потврдениот случај се смета за нулти ден, информираат од Владата.

Одлуката за кратење на периодот за изолација следи по препораката што до Владата ја достави вчера Главниот координативен кризен штаб на предлог на Комисијата за заштита од заразни болести поради полесната клиничка слика што ја предизвикува сојот омикрон.

Министерството за здравство претходно информираше дека во последните 24 часа од направени 6.119 тестови регистрирани се 2.019 новозаболени од коронавирусот.

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе