Министерство за здравство

Изминатата недела вакцинирани беа 50.000 граѓани, интересот се зголемува

Во текот на изминатата недела аплицирани се вкупно 49.569 први дози на вакцини во државата. Забележан е значително зголемен интерес за вакцинација помеѓу граѓаните, информираат од Министерството за здравство.

„Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 586.384 граѓани. Прва доза вакцина во петокот и вчера примиле 13.950 граѓани, а втора доза, вкупно 8.636 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.058.112 дози вакцини, а ревакцинирани се 471.728 граѓани“, соопштија од Министерство за здравство.

Со последните бројки 67 проценти од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 64 проценти од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 60 проценти од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 50 проценти од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

„Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата“, потсетуваат од Министерство за здравство.

Порачуваат дека вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата и наглсуваат дека само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе