Неделен извештај на ИЈЗ

Изминатата недела имало помалку нови случаи на ковид-19, помалку починати, но и помалку тестирања

Во периодот од 7 до 13 декември тестирани се вкупно 15.857 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на САРС-КоВ-2, што е помалку за 9,2 отсто во споредба со претходната недела, покажува неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Притоа регистрирани се помалку нови позитивни случаи, но и помалку смртни случаи.  

Во овој период регистрирани сe 5.518 нови позитивни случаи од 35 градови во државата што претставува намалување од 14,6% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (2.296, односно 41,6%), со неделна инциденца – 371,7/100.000.

Според извештајот на ИЈЗ, регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, при што најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години (1.503 или 27,2%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 години (1.042 или 18,9%), 50-59  (1.040 или 18,8%), 40-49 (1.030 или 18,7%) и 20-29 (648 или 11,7%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (73, односно 1,3%) и 10-19 години (182, односно 3,3%).

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, регистрирани се 5.313 оздравени лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 0.2% повеќе во споредба со минатата недела.

Во истиот период пријавени се 174 смртни случаи, со намалување од 5,4% во однос на претходната недела. Во однос на возраста, 142 од починатите биле над 60 години, 24 лица на возраст од 50-59 години, 4 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и по два случаи од возрасните групи од 20-29 и 30-39 години.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 7 до 13.12.2020 г. како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје.

 

 

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе