Министерство за здравство

Излекувани уште 24 пациенти, 7 нови случаи на ковид-19, еден пациент почина

Министерството за здравство информира дека денеска се регистрирани 24 излекувани пациенти кои се лекувале во домашни услови и тие се од Скопје-4, од Дебар-4, од Струмица-1, од Куманово-1, од Штип-3, од Прилеп-3, од Кочани-5 и од Тетово-3. Во болницата „8 Септември“ починал пациент од Лабуништа на 70-годишна возраст, кој во  тешка состојба бил хоспитализиран на 8 април и веднаш приклучен на респираторна машина.

Во изминатите 24 часа потврдени се 7 нови случаи на ковид-19 и тоа во Куманово-2, Тетово-3 и Кочани-2.

Од Министерството додаваат дека во вчерашниот извештај на Институтот за јавно здравје двојно бил евидентиран еден контролен тест на пациент од Кочани, па денеска е направена исправка со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во земјава изнесува 1.231, и тоа во Скопје-411, Куманово-340, Дебар-51, Штип-34, Прилеп-17, Тетово-60, Струга-55, Велес-59, Битола-17, Охрид-15, Кавадарци-4, Гостивар-13, Гевгелија-4, Струмица-2, Крива Паланка-4, Радовиш-4, Крушево-3, Кочани-28, Пробиштип-2, Кичево-2, Неготино-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2 и Пехчево-1.

Во изминатото деноноќие направени се 207 теста. Преку ИЈЗ-201, преку Ветеринарен факултет-0, Авицена-0, Биотек-0, Филип Втори (Жан Митрев)-6 и Систина со PCR метода-0. Досега во земјата се направени вкупно 12.340 тестирања на ковид-19.

На Инфективната клиника се хоспитализирани вкупно 60 пациенти, од кои 18 се на кислородна поддршка, а 4 се на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 септември“ се хоспитализирани 45 пациенти. Со потешка клиничка слика се 7 пациенти, а 5 пациенти се на респираторна машина.

Во Битола се хоспитализирани вкупно 13, а на домашно лекување се следат 15 пациенти. Во болницата во Штип, на болничко лекување се 4 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 19 пациенти.

 

 

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе