Вечерва нови тест обиди преку училишната онлајн-платформа

Итен класен час и состанок на Царовска со директорите на училиштата

Министерката за образование Мила Царовска за вечерва во 20 часот закажа итен онлајн-состанок со директорите на основните и средните училишта преку платформата Мајкрософт тимс (Мicrosoft teams), а од нив побара да ги информираат наставниците да одржат итен пробен класен час со учениците преку платформа „schools.mk“, еден час порано, во 19 часот. Царовска признава дека платформата деновиве не функционира успешно и бара трпение од наставниците и учениците и од нив бара кога еднаш ќе се најават (логираат), да не се одјавуваат.

Претходно, околу пладне, министерката Царовска одржа онлајн-состанок со околу 200 директори на основни и средни училишта.

„Платформата за онлајн настава ја правиме не само за да ја надминеме ковид -  состојбата, туку и за да биде поддршка и понатаму во наставата. Предизвици ќе има, но најважно е сите да покажеме грижа кон учениците и да ја започнеме наставата на 1 октомври“, соопшти Министерството за образование по состанокот.

Во соопштението се наведува дека пандемијата го забрза процесот на дигитализација и дека државата за прв пат создава сложен онлајн систем за исклучително краток рок.

Некои од директорите што учествувале на пладневниот онлајн-состанок за МКД.МК велат дека Царовска признала дека домашната платформа „schools.mk“ деновиве не функционира успешно, но дека се работи на техничко оспособување за ефикасна работа во услови на полна оптовареност, каква што ќе настапи в четврток, со првиот училиштен ден. На средбата било заклучено наставниците и учениците кога еднаш ќе се најават (логираат) на платформата, да не се одјавуваат со цел да се избегнат дополнителни проблеми и оптоварувања на системот. Министерката од директорите побарала да ги повикаат наставниците на трпение, со оглед на тоа што се многубројни нивните реакции дека по цел ден се пред компјутерите во обид да влезат во платформата и да стапат во контакт со учениците, но и да ги постават наставните материјали, распоредот на часови и да се закажат состаноците (часовите).

Побарано е наставниците често да ги отвораат своите официјални мејлови, на кои ќе добиваат нови насоки во однос на онлајн наставата и за потребните информации да им јавуваат на учениците, а од нив да бараат да прават чести проверки преку платформата заради евентуални нови насоки.

А.Д.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе