Феминистички клуб на Универзитетот на ЈИЕ

Истражување: Познати имињата на професори кои барале сексуални услуги од студентки на тетовските универзитети

Од 334 студенти кои биле анкетирани, 15 одговориле дека им биле побарани сексуални услуги од професори на двата универзитети во Тетово, покажа истражувањето што беше спроведено во рамки на проектот „Родова дискриминација во средното и високото образование", што го работат Феминистичкиот клуб и Студентскиот парламент при Универзитетот на Југоисточна Европа.

„Анкетата во проектот и воопшто информациите кои ги имаме покажуваат дека жените се повеќе дискриминирани. Со оглед дека студентите ги кажале и имињата на професорите, може да се каже дека меѓу нив има и луѓе на високи позиции во државните институции. Ние ќе ги доставиме информациите до управите на универзитетите и до надлежните институции кои треба да ги процесуираат случаите“, изјави Рита Бехадини од Феминистичкиот клуб.

На прашањето „дали лично сте се соочиле со дискриминација“ со „да“ одговориле 58 отсто од анкетираните, додека 62 отсто изјавиле дека тоа го направиле професори.

Податоците од анкетата беа презентирани на тркалезна маса на тема „Родова дискриминација во средното и високото образование“ што се одржи на Универзитетот на Југоисточна Европа.

„Ние како Министерство за образование и наука постојано ги мотивираме и стимулираме сите оние таргет групи да пријават до соодветните органи во училиштето или универзитети, се разбира и до другите надлежните инстутуции и до државен просветен инспекторат, секаков вид на дискриминација“, рече Сафет Незири, државен советник за образовни политики во Министерството за образование.

Беадини вели дека се познати десетина имиња на професори од двата универзитети, а некои од нив се раководители и на државни институции.

На оваа тема денеска во УЈИЕ беше организирана тркалезна маса каде учествуваа и претставници од областа на образованието од општина Тетово, од МОН, но и професори од УЈИЕ, кои изјавиле дека ќе се залагаат за елиминација на овој феномен.

Во рамки на проектот ќе има и изложба на фотографии на која е прикажана дикриминацијата. Конкурсот за пријавување е отворен до 31 мај, а ќе има награди за тројцата најдобри.

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе