Стручно советување за имунизацијата за ковид-19

Истражување на МИМ: Граѓаните слабо се вакцинираа поради погрешната перцепција за вакцините и ниско ниво на медиумска писменост

По спроведените истражувања на Македонскиот институт за медиуми (МИМ) во делот на имунизацијата против ковид-19 и редовната имунизација на децата дезинформациите и погрешната перцепција за вакцините, како и објавување на дезинформации во онлајн медиуми без кредибилитет, се причината за намалување на интересот за имунизација кај граѓаните.

По тој повод, Македонскиот институт за медиуми и канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје во период од септември до ноември оваа година ќе организираат серијал стручни советувања за медиумските работници околу имунизацијата кај децата и за вакцинацијата против ковид-19.

Првото стручно советување се одржа денеска, на кое се обратија министерот за здравство Беким Сали, заменик-претставникот на УНИЦЕФ Артур Ајвазов, Марина Тунева, експерт за комуникации која ги презентираше резултатите од истражувањето, а на тема „Имунизација и (не)доверба на јавноста" говореше д-р Александар Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести.

Министерот Сали вели дека се во постојана комуникација со Институтот за јавно здравје и оти ја следат состојбата со имунизацијата кај децата.

„Не е секаде во секој регион или во секој град иста состојбата. Некаде има имунизација над 70 отсто, меѓутоа некаде доаѓаме до податок дека имаме имунизација под 50 отсто, како што напоменавте. Секако, оваа одговорност е на Институтот, односно на регионалните центри за јавно здравје. Работиме во насока да се искоординираме каде што фали дел од процент за имунизација таму да бидеме повеќе фокусирани со давање јавни пораки и покани за имунизација на деца за заштита од МРП“, изјави тој.

Во постојана комуникација сме, дополни, со Институтот за јавно здравје и ја следиме состојба. Не е секаде во секој регион или во секој град иста состојбата. Некаде има имунизација над 70 отсто, меѓутоа некаде доаѓаме до податок дека имаме имунизација под 50 отсто, како што напоменавте. Секако, оваа одговорност е на Институтот, односно на регионалните центри за јавно здравје. Работиме во насока да се искоординираме каде што фали дел од процент за имунизација таму да бидеме повеќе фокусирани со давање јавни пораки и покани за имунизација на деца за заштита од МРП.

Информираше дека е започната кампањата за промоција на вакцинацијата и во тек е повикот за имунизација кај децата.

„Тие мерки коишто биле преземени во 2019 година ние веќе ги преземаме и не очекувам дека ќе се случи кај нас епидемија на морбили. Меѓутоа, треба да бидеме претпазливи. Ја користам оваа можност да апелирам до секој родител којшто има дете кое што има потреба, треба да се вакцинира, да не чекаат да се искомплицира состојбата односно да имаме алармантна состојба па потоа да се обраќаме до институциите, туку навремено да се вакцинираат децата“, додаде Сали.

Заменик-претставникот на УНИЦЕФ, Ајвазов порача дека имунизацијата претставува една од најважните и најголемите постигнувања во денешното време.

„Сите вакцини кои ги зачувуваат животите на децата и го спречуваат ширењето на болестите, но и покрај тоа голем број деца се уште не се вакцинираат. Најмногу поради растечкото влијание на анти-ваксерските кампањи и сомнежите во квалитетот на вакцините. Научен факт е дека тие функционираат и се безбедни“, порача тој.

На тема „Имунизација и (не)доверба на јавноста" се обрати д-р Петличковски кој истакна дека со организиран настап во којшто со план и заедничка соработа помеѓу здравствените власти и медиумите може да се надминат анти-ваксерските движења.

„Неспорно е дека имунизацијата против ковид-19 е потребна за излез од пандемијата. Треба да збориме за поделбата на вакцините, какви вакцини постојат, која како функционира. Треба да говориме и за несаканите ефекти, но кога ќе ги споредиме со несаканите ефекти предизвикани од вирусот, јасно е дека станува збор за побезбеден пристап отколку ризикот да се разболиме од вирусот“, вели д-р Петличковски.

Тој истакна дека и покрај дилемата дека вакцините се брзо направени, не се доволно испитани, ниту една сериозна агенција што ја следи безбедноста на лековите нема да прифати ризик неиспитан препарат да биде пуштен во употреба.

Серијалот на стручни советувања за медиумските работници на оваа тема продолжува и во наредниот период. Целта, како што велат организаторите, е да се овозможи запознавање со различни техники и вештини за професионално информирање на вакцинацијата, анализа и адресирање на факторите што придонесуваат кон ширење дезинформации, зголемување на транспарентноста кај здравствените институции и подобра комуникација со јавноста во однос на имунизацијата.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе