Институтот за радиологија доби нов апарат за компјутеризирана томографија

Институтот за радиологија набави нов апарат за компјутеризирана томографија кој веќе е ставен во употреба и работи во две смени, со редовно закажани пациенти преку националниот електронски систем „Мој Термин“.

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека очекуваат со новиот апарат да се скрати времетраењето на прегледот, со подобра резолуција на добиените резултати и детекција на најситните промени.

„Инвестираме во човечкиот капитал, набавка на нови лекови, како и нова медицинска опрема за да овозможиме подобри услови за работа на медицинскиот персонал и квалитетна здравствена заштита на нашите пациенти. Водиме максимална грижа за подобро здравје на пациентите. Во моментот, на Институтот за радиологија се во функција четири апарати за компјутеризирана томографија, со што значително е подобрено функционирањето во оваа јавна здравствена установа“, изјави Филипче.

Апарат за компјутеризирана томографија е набавен кон крајот на 2019 година со средства од установата во вредност од 10 милиони денари.

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе