Институт за педагогија: Не може да се прифати понудената концепција за основно образование

Членовите на Институтот за педагогија со мнозинство гласови донесоа заклучок дека не може да се прифати понудената концепција за основно образование.

„Институтот за педагогија смета дека нацрт-концепцијата има методолошки и дидактички недоследности и решенија што не соодветствуваат на нашата воспитнообразовна и општествена реалност и смета дека имплементацијата на оваа концепција може да предизвика сериозни проблеми во сферата на образованието“, информира Институтот за педагогија.

Од овие причини, како што наведува Институтот во известувањето, треба да се запрат активностите во врска со концепцијата и да почне процес на сериозна стручна и академска расправа, која ќе резултира со нова концепција.

„Проф. д-р Јасмина Делчева-Диздаревиќ и проф. д-р Лена Дамовска, кои се дел од работната група за подготвување на нацрт-концепцијата за основното образование, даваат безрезервна поддршка да продолжат реформите затоа што сметаат дека ќе се одвиваат етапно, додека проф. д-р Алма Тасевска беше воздржана“, се наведува во дописот од Институтот за педагогија и неговата раководителка Јасмина Делчева-Диздаревиќ. 

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе