Институт за јавно здравје: Возрасната група над 60 години со најмногу новозаболени од ковид-19

Во периодот од 10 до 16 август направени се вкупно 11.605 тестирања на ковид-19, односно 2.062 или 17.8% повеќе споредено со претходната недела, покажува извештајот на Институтот за јавно здравје.

Од направените 11.605 тестирања, регистрирани сe 902 нови позитивни случаи, а во наведениот период процентот на позитивни од тестирани изнесува 7.8% што покажува тренд на континуирано намалување во однос на претходните недели кога истиот се движи од 10%, 9.4% и 8.6%.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, 251 или 27,8% и Куманово 125 или 13,6%. Во 18 градови во земјата, за истиот период, бројот на новопотврдени случаи е под 20.

Во однос на старосната структура, регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. И во овој период, најзастапена е возрасната група на лица над 60 години со 206 (22,8%) позитивни. Голем број на заболени се регистрира и кај лицата на возраст од 30-39 (163; 18,1%) и 50-59 (162; 18,0%).

Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (26; 2,9%) и 10-19 години (49; 5,4%).

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (858; 95,1%), регистрирани се 87 (10,1%) хоспитализирани, а кај 244 (28,4%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети. Од вкупниот број на нови случаи, 303 (35,3%) имале контакт со потврден случај, а 27 лица се со историја на патување во последни 14 дена.

Во споменатиот период по добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2, како оздравени се водат 1.067 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е за 29 лица повеќе споредено со претходната недела.  

Регистрирани се 17 смртни случаи од 9 градови, што е намалување од 32,0% во однос на минатата недела. Најголем дел од случаите биле на возраст над 60 години (9; 52,9%). Од починатите, 16 биле хоспитализирани, а еден починал во вонболнички услови. Коморбидитети се регистрирани кај 11 починати лица.

 

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе