Вонредна контрола

Инспекторатот не утврдил неправилности во научното унапредување на Адеми и Нухиу

Просветниот инспекторат не открил недоследности во образовно- научното унапредување на државните функционери Арбер Адеми и Агим Нухиу, пишува во извештајот од вонредната инспекција која што ја спровел лично директорот Томе Спировски. 

Во Инспекторатот се оградиуваат од инспекторот Ѓорѓи Илиевски, кој пред извесно време тврдеше дека биле прекршени процедурите кога Тетовскиот универзитет го назначил Арбер Адеми за доцент а Агим Нухиу за вонреден професор. За случајот на унапредувањето на Адеми во доцент, во време кога бил државен функционер, од Инспекторатот велат дека унапредувањето е направено според претходниот Закон за високо образование.

„На лицето му бил во мирување работниот однос на Тетовскиот универзитет, но не и образовно-научниот ангажман, за што има посебен договор за интелектуални услуги, за кој, според документите, тој не добивал паричен надомест и сето тоа е направено според закон“, изјавиле од Инспекторат за високо образование за Алсат.

Во извештајот на инспекторот Илиевски пишува дека двајцата функционери незаконски биле унапредени пред две години.

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе