По средбата од 6 мај

Иницијативата „Учебници мора да има“ од утре пак најавува протести, МОН не попушта

Иако беше договорено до денеска да добиеме некаков одговор од Министерството за образование за нашите барања, но не добивме никаква информација од МОН, па затоа од утре ги продолжуваме нашите протести, велат од граѓанската иницијатива Учебници и настава мора да има. По оваа најава МОН преку соопштение одговори дека не го прифаќа барањето на граѓанската иницијатоива за повлекување на Законот за учебници и наставни материјали.

На 6 мај претставници на оваа иницијатива имаа средба со претставници на МОН на која присуствуваше и министерката Мила Царовска и на која се разговараше за Законот за учебници и наставни материјали во основното и средното образование. Договорено било дека денеска МОН  ќе го изготви записникот од таа средба и ќе одговори на барањата, велат од граѓанската иницијатива.

„Но тоа не беше сторено. Затоа, остануваме доследни на нашите ветувања пред граѓаните дека продолжуваме со битката и ќе се бориме до крај против донесувањето на законот, користејќи ги сите начини и средства загарантирани со законите во Македонија. Како што и најавивме ќе организираме мирни протести во градовите низ Македонија и мирен марш во Скопје. Протестите низ градовите и маршот во Скопје ќе бидат организирани согласно протоколите за активности на отворен простор во услови на пандемија“, најавуваат од граѓанската иницијатива.

Доцна попладнево МОН сепак соопшти дека планот за реформи е донесен на транспарентен начин, преку јавна дебата и со учество на сите засегнати страни и експертската фела.

„Сосема очекувано за дел од промените повторно се појавуваат дилеми во јавноста, особено за процесот на дигитализација на материјалите за учење. Важно е да се напомене дека дигитализацијата на материјалите за учење се воведува етапно. Започнува со четврто одделение во учебната 2021/2022 година, а секоја наредна ќе се опфаќа ново повисоко одделение и ќе се заокружи во следните 5 до 6 години. Законското решение предвидува за учениците кои се од социјално загрозени семејства и немаат уреди за учење од дигиталните учебници, како и за учениците кои поради попреченост имаат потреба од уреди или помошна технологија, училиштето е должно да обезбеди услови за секој ученик да има пристап до употреба на учебник. Како поддршка на училиштата, заедно со Светска банка ќе реализираме активност за нивно опремување со таканаречен библиотечен фонд на електронски уреди кои ќе им се даваат на времено користење на учениците кои потекнуваат од социјално ранливи семејства, за да можат истите да ги користат дигиталните учебници. Училиштата ќе бидат должни исто така да обезбедат и техничка поддршка(одржување) за сите ученици на кои им следува електронски уред. Идејата на промените не е дигиталните учебници да се користат интензивно за време на наставата, затоа што тие се само дополнително помагало за совладување на наставната материја, а примарно средство е интеракцијата наставник – ученик. На часовите ќе се применува ИТ технологија само кога одредена тема од наставната програма го наложува тоа“, објаснуваат од МОН.

Ова значи дека МОН не ги прифати барањата на иницијативата за повлекување на предлог законот за учебници и негово ревидирање преку јавна дебата.

За утре граѓанската иницијатива Учебници и настава мора да има најави конференција за медиуми.  

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе