Министерство за здравство

Инфекцијата се шири, активни 13.027 ковид случаи, ако треба, ќе има нови мерки

Надлежните здравствени власти укажуваат дека коронавирусот во моментов има широка инфекција, се следи ситуацијата, а доколку е потребно ќе има нови мерки. Засега, истакнуваат надлежните, нема индикација за промена на наставниот модел со физичко присуство на учениците.  Бројот на активни ковид-случаи изнесува 13.027. Според вчерашниот извештај на Министерството за здравство за претходното деноноќие, од 4.621 тестирање се регистрирани 617 нови случаи на ковид-19, починаа 32 лица, а оздравеле 450 пациенти.

„Во ковид-центрите низ државата има доволно кревети за хоспитализација на пациенти, престојниот период може да биде зголемена потребата од хоспитализации, што бара сериозен пристап и координација која успешно се менаџира. Дополнителни капацитети за лекување пациенти со ковид има и истите може да се стават на располагање во секој момент. Доставата на терапија оди тековно и нема застој“, напиша вчера на својот фејсбук профил министерот за здравство, Венко Филипче, кој поради пожарот во модуларната болница во Тетово достави оставка до премиерот.

Министерката за образование Мила Царовска, пак, информираше дека завчера бројот на позитивни ученици во училиштата е 0,01, што, наведе, значи дека се помалку новозаразени во споредба со понеделникот. Досега, изјави вчера таа, немаме индикација дека наставниот модел треба да се менува, но во моментот кога ќе добиеме индикација за промена на моделот ние сме спремни така да постапиме.

„Епидемиолозите следат, Комисијата за заразни болести следи, информациите ги добиваат и тие, како што ги добива МОН, и тие дејствуваат врз основа на општина, регион, училиште. Упатувам на тоа дека во училиште се 240 илјади ученици, а вчера бројот на позитивни ученици во училиште е 0,01, што е навистина многу низок процент. Очекувам дека ќе успееме да се одржиме во ниски проценти, затоа што највисок интерес на учениците е да бидат во училница“, нагласи Царовска.

Таа информираше дека процентот на вакцинирани наставници е висок и изнесува над 74 процнети. Апелираше до директорите, наставниците и родителите да се почитуваат протоколите за да се заштитат децата и да им се обезбеди правото на учење кое е основно детско право.

„Мислам дека до крајот на месецот ќе постигнеме и едно соодветно ниво како што велат здравствените власти за колективен имунитет кај наставниците и тоа е речиси два пати повисок број од националниот стандард и ме радува тоа бидејќи тоа покажува висока свесност кај наставниците за потребата од континуитет во настава“, заклучи Царовска.

Според последните податоци, на вакциналните пунктови во државата и на терен вакцинирани се вкупно 763.965 граѓани. Прва доза вакцина завчера примиле 2.057 граѓани, а вкупно се вакцинирале 13.493. Во државата вкупно се аплицирани 1.411.735 дози вакцини, а ревакцинирани се 647.769 граѓани.

Со последните бројки, 55 отсто од населението над 40 години имаат примено една доза вакцина и 30 отсто од населението над 18 до 39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина. Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 – годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.

„Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата“, нагласуваат од Министерството за здравство.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 184.893, на оздравени пациенти е 165.527, а на починати 6,339.

 

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе