Според Филипче

Имунизацијата со руската вакцина „Спутник V“ ќе почне в среда

Имунизацијата со руската вакцина Спутник V, која во нашата земја треба да пристигне утре, се очекува да започне в среда, рече денеска министерот за здравство д-р Венко Филипче. Тој објасни дека се завршени сите административни процедури за вакцината да биде ставена во употреба.

„Од рускиот производител на вакцини ги добивме сите документи за да се спреми административната процедура во агенцијата за лекови, многу веројатно е дека вакцинацијата ќе почне во среда. Од рускиот прозиводител нашата земја има потпишано договор за купување на 200.000 дози вакцини“, истакна Филипче.
 
Исто така завршени се сите административни работи, размена на документите и во постојана комуникација сме околу испораката и на кинеските вакцини од производителот Синофарм, посочи Филипче.
 
Во Македонија во март според најавите на производителот Фајзер треба да бидат испорачани 21.060 дози вакцини, а исто така треба да пристигнат и вакцини од производителот Астра зенека, кои се обезбедени преку механизмот Ковакс.