Има сомнеж, но не и потврда на втор случај на омикрон во земјава, велат од МЗ

Министерството за здравство ја информира јавноста дека досега со секвенционирање на вирусот ковид-19 детектиран е сојот омикрон само кај еден пациент кој во државата пред извесно време се вратил од Велика Британија. Утврдување на присуство на сој на вирусот се врши единствено и исклучиво со секвенционирање, ПЦР тестирањето, односно детектирање на S-gene dropout. Тоа може да биде само индикација но не и потврда дека пациент е заразен со сојот омикрон на ковид-19, информираат од МЗ за вториот објавен случај на омикрон во земјава. 

„Досега на ПЦР тестови кај тројца пациенти позитивни на ковид-19, детектиран е S-gene dropout, но нема извршено секвенционирање, односно нема потврда дека се заразени со омикрон. Тестирањата им се направени во приватна болница, а станува збор за пациенти од Прилеп, Велес и Струга. На пациентите им е направена епидемиолошка анкета и согласно протоколите ставени се во изолација лица со кои биле во контакт“, велат од МЗ. 

Министерството за здравство апелира од воздржување и давање паушални изјави и непроверени информации кои ги доведуваат граѓаните во заблуда и шират паника меѓу населението.

Претходно дел од медиумите објавија дека во Струга е регистриран вториот случај во Македонија на инфицирано лице од новиот омикрон, новиот сој на корона вирусот.

Информацијата ја потврдуваат од Центарот за јавно здравје во Охрид и додаваат дека заболено е вакцинирано повозрасно лице и дека е во изолација.

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе