Состојба со болничките капацитети за болни од ковид

Има слободни места во Инфективната клиника и во „8 Септември“, велат од Министерството за здравство

Од Министерството за здравство велат дека има слободни места за болни од ковид-19 во Инфективната клиника, во болницата „8 Септември“ како и во други болнички капацитети во земјава, вкупно - 183 болнички кревети.

„На инфективните одделенија и во ковид – центрите во државава се хоспитализирани вкупно 576 пациенти со ковид-19 и има 183 слободни кревети. Во ковид – центрите во Скопје вкупно се хоспитализирани 174 пациенти од кои 71 на Клиниката за инфективни болести, 75 во ГОБ „8 Септември" и 28 на Клиниката за белодробни заболувања ТБЦ“, велат од Минстерството за здравство за МИА.

Според податоците кои клиниките и болниците секое утро ги доставуваат, во моментот во Скопје слободни места има на Инфективната клиника, во ГОБ „8 Септември" и на Институтот за ТБЦ, нагласуваат од министерството.

„Министерството за здравство на дневна основа ја следи состојбата со болничките капацитети во однос на нивната исполонетост, со цел навремено планирање на наредните чекори за соодветно згрижување на сите пациенти кои имаат потреба од болничко лекување“, велат од министерството.

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе