Неусогласени изјави

Царовска вели нема внатрешна трансмисија на вирусот во училиштата, Филипче вели „има мала“

Министерката за образование и наука Мила Царовска и денеска изјави дека нема внатрешна трансмисија на ковид-19 во училиштата. Mинистерот за здравство Венко Филипче пак, исто така денеска, на прес -  конференција изјави дека во училиштата има „мала трансмисија“ и најави дека следните денови детално ќе се изработи методологија за скрининг на тестирање на ученици во основните и средните училишта со брзи антигенски тестови. Кога станува збор за многу заразниот делта сој на коронавирусот, тоа сепак не е „мала“ разлика во изјавите.

„Состојбата со ковид-19 во училиштата во државата е стабилна, се следи на дневно ниво и според проценките на Главниот координативен кризен штаб, засега нема потреба од промена на моделот за начинот на одвивање на наставата, бидејќи нема интерна трансмисија на вирусот во училиштата“, кажала денеска министерката Царовска на средба со директорите на училиштата во Битола, а е наведено во соопштението на Министерството.

Министерката секој ден повторува дека нема пренос на вирусот внатре во училиштата и дека протоколите кои се изработени од Комисијата за заразни болести се почитуваат, залагајќи се наставата со физичко присуство да продолжи како најдобро за самите ученици.

Но, министерот за здравство Филипче сепак забележува дека има, како што вели, мала трансмисија на вирусот во училиштата.

Тој информира и дека овие денови детално ќе се презентира методологијата за скриниг тестирање со брзи антигенски тестови на учениците во основните и средни училишта, со цел да се добие слика за бројот на заразени деца имајќи предвид дека не е мал бројот на деца кои ковид-19 го поминуваат асимтоматски. 

Тоа упатува на потребата да се види реалниот број на заразени во училиштата и да се процени точно ризикот, рече министерот.

Секако, познато е дека и лицата кои не пројавуваат симптоми на болеста го шират вирусот кој е многу подмолен. Ако се има предвид дека во голем број училници настава следат и повеќе од 30 деца, потребната дистанца се доведува во прашање.

Царовска вчера на прашањето за понудените брзи тестови за ковид за училиштата од страна на Општина Илинден рече дека во моментов нема потреба за тоа.

„Ако Комисијата за заразни болести утврдила протокол и постапување...и ако тие не препорачале тестирање, значи дека тоа нема додатна вредност во даден момент. Доколку тие утврдиле дека има потреба, тогаш ќе го спроведеме во сите училишта, но во моментов останува да се почитуваат препораките што се дадени, а тоа е да има дезинфекција, мерење температура и проветрување на просториите“, изјави Царовска одговарајќи на новинарски прашања при вчерашната посета на училиште во Крива Паланка.

Според податоците кои Министерството за здравство ги споделува, 0,2 отсто од учениците кои посетуваат настава со физичко присуство се активни на вирусот, а на дневно ниво порастот на бројот на заразени деца изнесува околу 0,02 отсто.

П.Џ.

 

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе