Засилување на процесот на имунизација

Или вакцина или тест на свој трошок, утре ќе одлучува Кризниот штаб

Главниот кризен штаб утре ќе расправа за предлог мерките на Комисијата за заразни болести според кои во државниот сектор вработените за влез на работното место ќе мора да прикажат или серитификат за примена вакцина против ковид-19 или ПЦР негативен тест направен на свој трошок не постар од 72 часа или пак доказ дека ја прележал болеста во последните 45 дена. Синдикатите се против, сметаат дека на работниците не им е оставен избор, односно дека таквата мерка ќе значи задолжителна вакцинација имајќи предвид дека никој нема да може финансиски да издржи постојано плаќање за ПЦР тест.

Каков ќе биде ставот на Главниот кризен штаб ќе се знае утре, а по предлогот на Штабот на наредната седница конечната одлука ќе ја донесе Владата.

Исклучок од предложените мерки ќќе бидат само вработените кои, поради ретки болести, ќе добијат потврда од лекар специјалист дека вакцина не смеат да примат.

Комисијата за заразни болести предложи избор дали ќе се вакцинираат или не да немаат здравствените работници, затоа што тие работат со пациенти и е недозволиво не само да не дадат свој пример дека вакцините се безбедни, туку и затоа што на поголем ризик ги изложуваат своите пациенти доколку не се имунизирани.

Синдикатите се против ваквите мерки, велат дека се загрозени човековите права и слободи, но и ионака тенкиот стандард на вработените. Тие пресметале дека ако едно лице одбива да се вакцинира, дека ќе му бидат потребни околу 20 илјади денари во текот на месецот за ПЦР-тестирања, што е повеќе од минималната плата во земјава. Зароа бараат државата да ги направи ПЦР тестовите бесплатни.

„Укажувавме дека пристапот за поттикнување и стимулирање треба да биде на начин на кој за имунизацијата, работниците ќе добијат повеќе информации, но и одредени бенифиции кои ќе беа дополнителен мотив, но за жал, Комисијата на барањата на работниците како на пример најмалку денот кога се вакцинираат да биде препорачано да биде платен неработен ден (поради зачестените пријави дека газдите ги тераат по вакцинацијата да се вратат веднаш на работа, а не ги ни ослободуваа доколку имаа реакција по примањето на вакцината во наредните денови) тие се огласија за ненадлежни, а од друга страна денеска сме сведоци како истата Комисија предлага и ги изложува работниците на сопствен трошок да прават ПЦР тестови доколку одлучат да не се вакцинираат“, смета Сојузот на синдикати на Македонија.

И од Конфедерацијата на слободни синдикати реагираат дека се воведуваат мерки на присилна вакцинација и се прескокнуваат едукативните и стимулативните мерки кои биле спроведени во другите европски држави. Оттаму велат дека е прескокнат цел еден процес на кампања за позитивните ефекти од вакцинацијата, а дека со примената на репресивни мерки се предизвикува негативна реакција кај работниците.

Во однос на бизнис заедницата, единствено Стопанската комора на Македонија ги поздравува предложените мерки кои се однесуваат на јавниот сектор, но бараат задолжителната вакцинација да се воведе и во приватниот сектор сметајќи дека на тој начин ќе се постигне колективен имунитет и ќе се овозможи континуитет на работниот процес.

Се согласуваат со мерката оние кои одбиваат да се вакцинираат самите да го плаќаат тестирањето на вирусот, и укажуваат дека треба да се допрецизира дека одбивањето вакцина или тестирање претставува повреда на прописите за безбедност и заштита при работа.

Новите мерки, доколку се усвојат, според предлогот на Комисијата за заразни болести, би стапиле на сила десет дена по усвојувањето за да граѓаните имаат временски период во којшто би се вакцинирале, додека за здравствените работници тој период е 30 дена.

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе